| четврток, 6 декември 2018 |

Топол дом за сите

Жи­ве­е­ме во по­тро­шу­вач­ко оп­штес­тво, не­ко­гаш без по­тре­ба ку­пу­ва­ме и тру­па­ме ра­бо­ти што не ни се по­треб­ни. Но, за­тоа, пак, има лу­ѓе на кои им се не­оп­ход­ни мно­гу ра­бо­ти – по­куќ­ни­на, ме­бел, апа­ра­ти за до­ма­ќинс­тво, об­ле­ка...

топол дом

Ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни зна­ат и уме­ат да би­дат со­ли­дар­ни и да по­мог­нат. Ху­ма­но­ста не е за­бо­ра­ве­на ни­ту во нај­те­шки­те вре­ми­ња, ко­га си­те по мал­ку се за­гу­бив­ме во тр­ка­та со вре­ме­то и со об­вр­ски­те. Жи­ве­е­ме во по­тро­шу­вач­ко оп­штес­тво, не­ко­гаш без по­тре­ба ку­пу­ва­ме и тру­па­ме ра­бо­ти што не ни се по­треб­ни. Но, за­тоа, пак, има лу­ѓе на кои им се не­оп­ход­ни мно­гу ра­бо­ти – по­куќ­ни­на, ме­бел, апа­ра­ти за до­ма­ќинс­тво, об­ле­ка… На­ши­от ви­шок за нив е не­оп­хо­ден и мо­же мно­гу да им по­мог­не. Ако го по­да­ри­ме, си­гур­но не­ма да оси­ро­ма­ши­ме, а не­ко­му ќе му би­де до­вол­но за да мо­же да поч­не од не­ка­де. Да­ру­ва­ње­то нѐ пра­ви по­бо­га­ти.

Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка ја ор­га­ни­зи­ра ак­ци­ја­та „Се гри­жи­ме за то­пол дом“, пре­ку ко­ја се овоз­мо­жу­ва кон­ти­ну­и­ра­но за­до­во­лу­ва­ње на по­тре­би­те на си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја на кои им е не­оп­ход­на та­ква по­мош, а од дру­га стра­на се пот­тик­ну­ва ху­ма­но­ста кај гру­па на гра­ѓа­ни де­ка тре­ба си­те за­ед­нич­ки да по­мог­не­ме на со­ци­јал­но за­гро­зе­ни­те гру­пи и де­ка е по­треб­но да се раз­ви­ва ни­во­то на свес­ност за со­ли­дар­ност и за­ем­но по­ма­га­ње.

Topol dom 2

Бајрам Демиров со семејството

Ба­јрам Де­ми­ров жи­вее во скоп­ска­та на­сел­ба Шу­то Ори­за­ри. Тој е та­тко на две ма­ло­лет­ни де­ца и е не­вра­бо­тен. Ко­рис­ник е на со­ци­јал­на по­мош, ко­ја из­не­су­ва 4.000 де­на­ри. Па­ри­те не му стиг­ну­ва­ат, па се сна­о­ѓа ка­ко знае и умее. Си­ро­ма­шен чо­век – жив ѓа­вол, ве­лат по­ста­ри­те. Тој раз­брал за ак­ци­ја­та на Ми­ни­стерс­тво­то, се при­ја­вил и до­бил кре­вет, те­ле­ви­зор, те­пи­сон, лу­стер и ду­шек. Тој е бла­го­да­рен за тоа што го до­бил, но не­го го ма­чат и дру­ги проб­ле­ми. По­ма­ли­от син е те­шко бо­лен. Ве­ќе ед­наш е опе­ри­ран, а здрав­је­то уште му е кре­вко. Жи­ве­ат во ед­на со­ба во ко­ја не­ма стру­ја би­деј­ќи сме­тки­те не им се пла­те­ни.

– Ни по­мог­наа од Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка со тоа што ни бе­ше не­оп­ход­но за жи­вот. За жал, по­ма­ли­от син е те­шко бо­лен, а се сна­о­ѓа­ме ка­ко зна­е­ме и уме­е­ме. Нај­те­шко е што не­ма­ме стру­ја, а по­треб­ни ни се па­ри за ле­ко­ви – ве­ли Де­ми­ров.

Topol dom

Демирови се пријавија во акцијата, но ним им е потребна помош и за болното дете

– Ак­ци­ја­та „Се гри­жи­ме за то­пол дом“, по­крај тоа што е на­ме­не­та за ли­ца што се ко­рис­ни­ци на пра­ва од си­сте­мот на со­ци­јал­на за­шти­та, на­ме­не­та е и за дру­ги ли­ца над­вор од си­сте­мот на со­ци­јал­на за­шти­та кај кои по­стои ре­ал­на по­тре­ба од до­ни­ра­ње.
Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка пре­ку спро­ве­ду­ва­ње на со­ци­јал­на­та по­ли­ти­ка кон­ти­ну­и­ра­но оди во на­со­ка да се на­ма­ли со­ци­јал­ни­от ри­зик кај ко­рис­ни­ци­те во др­жа­ва­та, а во исто вре­ме да се пре­ве­ни­ра од евен­ту­а­лен ри­зик на со­ци­јал­но иск­лу­чу­ва­ње кај со­ци­јал­но­за­гро­зе­ни ка­те­го­рии. Про­е­ктот се ос­тва­ру­ва по прин­ци­пот „Кој прв ќе се ја­ви, тој прв ќе би­де ус­лу­жен“ со што се вос­по­ста­ви еле­ктрон­ски ред во до­ни­ра­ње­то ра­бо­ти од стра­на на гра­ѓа­ни­те и до­де­лу­ва­ње­то ра­бо­ти на ран­ли­ви­те гру­пи што жи­ве­ат на це­ла те­ри­то­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја. МТСП отво­ри и бесп­лат­на те­ле­фон­ска ли­ни­ја 0800 55 8000800 55 800 во рам­ки на по­ви­ку­вач­ки­от цен­тар, а е отво­ре­на и по­себ­на е-адре­са donacija@mtsp.gov.mk за при­ја­ва на по­тре­ба од до­на­ции и за при­ја­ва на до­на­ции на ра­бо­ти за си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни гра­ѓа­ни во Ма­ке­до­ни­ја. Ак­ци­ја­та е во со­ра­бо­тка и со цен­три­те за со­ци­јал­на ра­бо­та, цен­три­те на Цр­ве­ни­от крст и ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва – об­јас­ну­ва­ат во МТСП.

Во ак­ци­ја­та се вклу­че­ни и ком­па­нии за про­из­водс­тво и за тр­го­ви­ја со ме­бел и со бе­ла тех­ни­ка со цел да ја по­ка­жат оп­штес­тве­на­та од­го­вор­ност и ху­ма­ност, ка­ко и жел­ба да им се по­мог­не на гра­ѓа­ни­те што се на­о­ѓа­ат во со­ци­ја­лен ри­зик. На се­кој до­на­тор во знак на бла­го­дар­ност за не­го­ва­та ху­ма­ност му се до­де­лу­ва бла­го­дар­ни­ца, ко­ја  до­пол­ни­тел­но ќе го сти­му­ли­ра за на­та­мош­ни ху­ма­ни де­ла.

– Про­е­ктот поч­на во август 2013 го­ди­на и трае кон­ти­ну­и­ра­но. До­се­га се од­не­се­ни до­на­ции во по­ве­ќе од 1.150 се­мејс­тва што жи­ве­ат во со­ци­ја­лен ри­зик. Најм­но­гу по­тре­би се ја­ву­ва­ат за бе­ла тех­ни­ка. До овој мо­мент до­ни­раа се­дум фир­ми, а кон­та­кти­рав­ме со 300. Овој про­ект има ху­ман ка­ра­ктер, од­нос­но се­кој што са­ка мо­же да до­ни­ра со цел да им се по­мог­не на тие на кои им е нај­по­треб­но, од­нос­но на се­мејс­тва­та што се со­ци­јал­но за­гро­зе­ни – ве­ли Мар­јан Ги­ов­ски, порт­па­рол на МТСП.

Topol dom 3

Пав­ле Не­сто­ров­ски, сопс­тве­ник на при­ват­на­та фир­ма „Па­ко“ е еден од до­на­то­ри­те во ак­ци­ја­та. Тој има фир­ма за изра­бо­тка на ме­бел.

– Имав не­кол­ку пар­чи­ња ме­бел во ра­бо­тил­ни­ца­та и ги му по­ну­див во Ми­ни­стерс­тво­то. Не знам ко­му му ги до­де­ли­ле, но ве­ру­вам де­ка ги до­бил не­кој ко­му му се по­треб­ни. Би ја поз­дра­вил ак­ци­ја­та и би апе­ли­рал до си­те што има­ат не­што што им е ви­шок, но е со­чу­ва­но и мо­же да се ко­ри­сти, ме­сто да им стои во по­друм, да го по­да­рат не­ко­му ко­му му е по­треб­но. За жал, има се­мејс­тва на кои тоа им е не­оп­ход­но, а нам не ни тре­ба – ве­ли Не­сто­ров­ски.

– До­се­га, во рам­ки­те на овој про­ект се при­ја­ви­ле 5.645 ба­ра­те­ли на до­на­ци­ја. По­себ­но сме гор­ди на ин­тен­зи­те­тот со кој се од­ви­ва овој про­ект, но и при­фа­те­но­ста во јав­но­ста. Тоа го по­ка­жу­ва­ат бро­јот на при­ја­ве­ни гра­ѓа­ни ка­ко до­на­то­ри, ка­ко ба­ра­те­ли, но и под­др­шка­та што ја до­би­ва­ме од ме­ди­у­ми­те и од јав­ни­те лич­но­сти – ве­ли Ги­ов­ски.

„Ка­рат М“ е фир­ма за про­из­водс­тво на ре­про-ма­те­ри­ја­ли и за ме­бел по на­рач­ка, ко­ја е вклу­че­на во ак­ци­ја­та.

– Учес­тву­вав­ме во ак­ци­ја­та со на­ши про­из­во­ди. Нај­че­сто тоа е ме­бел што оста­нал не­про­да­ден, но е нов и кој не­ко­му ќе му би­де до­бре­дој­ден – ве­ли Кри­сти­на Ка­ра­ту­ше­ва од „Ка­рат М“.

Во ак­ци­ја­та „Се гри­жи­ме за то­пол дом“ се прик­лу­чи­ја и во­ди­те­ли­те Ире­на Спи­ров­ска, Ди­ми­тар Ан­до­нов­ски, Дра­га­на Чу­при­на, ка­ја­ка­рот Ата­нас Ни­ко­лов­ски, пе­јач­ка­та Ви­о­ле­та То­мов­ска, гру­па­та „Некст тајм“.

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top