| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанка си изгреба автомобил

Месецот на мартинката донесе нова среќа, овојпат кај студентка во Штип. Битолчанката Викторија Талевска од продажното место „Тутун пром“ го купила инстант лозот „твингоманија“ посакувајќи убаво изненадување. Тоа и се случило. Откако го изгребала лозот, се појавиле среќните три идентични полиња кои ѝ ја обезбедија премијата автомобил „рено твинго тренд“.

Во моментот кога ги доби клучевите од својот нов автомобил, Викторија ни откри дека е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Посебно ги сака игрите од инстант лотаријата, кои и се покажаа како вистински знак кој ја насочи кон среќата и нејзината добивка, велат од Државната лотарија на Македонија.

Со лозот „твингоманија“, Државна лотарија на Македонија на играчите на инстант лотарија им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 1 од 40-те атрактивни автомобили „рено твинго тренд“ или до бројни парични добивки од 500.000 до 40 денари.  Лозот е со цена од 40 денари, а беше пуштен во продажба на 30 јуни 2012 година. Уште на првиот ден на продажба го добивме и првиот добитник на автомобил „рено твинго тренд“.

Забавата и добивките од новата серија инстант лозови под името „Твингоманија“ се организираат во соработка со автомобилската куќа „Аутомотив груп“ – како официјален застапник на реномираната марка „рено“, со кои се обезбедени вкупно 40 автомобили. Учесникот го дознава резултатот кога ќе го отстрани заштитниот слој од полето за игра. Лозот е добитен ако на три различни полиња од вкупно 6 (шест) полиња е отпечатен заштитниот знак на брендот „рено“ или на три различни полиња од 6 (шест) полиња е отпечатен ист износ.

„Твингоманија 2“ досега пријатно изненади многу добитници, меѓу кои се вкупно 14 лица кои ќе ги возат овие прекрасни автомобили. Четири „твинго тренд“ ќе се возат низ Скопје, три во Струмица, два во Битола, а по еден автомобил „рено твинго“ се вози низ улиците во Кичево, Тетово, Охрид, Пробиштип, Гостивар и во Куманово. Во игра се уште 25 автомобили, како и многубројни помали и поголеми парични добивки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top