| четврток, 6 декември 2018 |

Овации за Колинс, првиот кошаркар во НБА што призна дека е геј

Џејсон Колинс е првиот кошаркар во НБА што јавно призна дека е геј, а ноќеска публиката во Бруклин го дочека со стоечки овации, во дебито на домашен терен за Нетс против Чикаго. Колинс го одработува вториот 10-дневен договор со Бруклин, а влезе во историјата на лигата со признанието.

Колинс доби шанса да игра во самиот финиш на мечот, неговиот единствен удар кон противничкиот кош едвај го допре обрачот, но тоа за публиката и не беше важно. Околу 17.700 гледачи, вклучувајќи го и поранешниот комесар на НБА, Дејвид Штерн, бурно го поздравија влегувањето во игра на Колинс.

– Ова е одлично искуство за мене. Ме изненади поддршката од публиката – рече Колинс. Интересно е што тој одамна беше дел од НБА, но призна дека е геј дури откако се повлече и престана да настапува. Потоа се врати и сега го одработува вториот 10-дневен договор со Нетс. Неговото признание ја изненади спортската јавност, особено поради фактот што Џејсон беше женет долго време, пред да го напушти сопругата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top