Леброн Џејмс го урна клупскиот рекорд на Мајами хит со неверојатно шоу на теренот против Шарлот и 61 постигнат поен. Хит победија со 124-107, а Џејмс даде речиси половина од кошевите на домашната екипа.
Во 1995 година извонредниот шутер Глен Рајс постигна 56 поени, што до ноќеска беше рекордно остварување на кошаркар на Мајами.
Џејмс во еден момент имаше импресивни стопроценти на удар за тројка, уфрлајќи 8 од 8 шута, а вкупно упати 33 шута и погоди 22 пати. Со Коби Брајант и Карл Мелоун тие се тројцата кошаркари што постигнале над 60 поени со толку малку упатени удари. За рекорд на сезоната на Леброн му недостасуваа само два поени. Во овој циклус на натпреварите од НБА, Кармело Ентони е број 1 со 62 постигнати поени.
Резултати: Мајами – Шарлот 124-107, Детроит – Њујорк 96-85, Бруклин – Чикаго 96-80, Вашингтон – Мемфис 104-110, Милвоки – Јута 114-98, Денвер – Минесота 128-132, Портланд – ЛА Лејкерс 106-107, Сакраменто – Њу Орлеанс 96-89.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.