| четврток, 6 декември 2018 |

Сингапур е најскапиот град на светот

сингапур

Сингапур и официјално е прогласен за најскап град во светот за живеење во 2014 година, според податоците на „Економист интелиџенс јунит“ (ЕИУ).

Силната валута во комбинација со високите цени за користење на автомобилите и цените на режиските трошоци го вивнаа Сингапур на првото место на најскапи градови на светот. Во овој град облеката, исто така, е најскапа на светот, објави „Би-Би-Си“.

Сингапур првото место го презеде од Токио. Меѓу петте најскапи градови се Париз, Осло, Цирих и Сиднеј, а Токио е на шесто место. Но, храната и натаму е најскапа во Токио.

ЕИУ како база на истражување го користи Њујорк, а опфаќа повеќе од 400 цени.

Во групата на 10 најскапи града во светот доминираат азиските и австралиските градови, и по некој европски град.

Поголемите индијски градови, како Мумбај и Њу Делхи, се меѓу најмалку скапите градови во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top