Претседателот на Русија, Владимир Путин, им нареди на трупите, кои минатата недела изведуваа ненајавени воени вежби во западниот и во централниот дел на Русија, да се вратат во своите бази.
Путин ја издаде наредбата откако министерот за одбрана му достави извештај во кој вежбите ги оценил како успешни.
Неочекуваните воени вежби почнаа минатата среда, а во нив учествуваа 150.000 ојници, 90 авиони, 880 оклопни возила и 80 брода.
За време на последната фаза од вежбите Путин вчера го посети воениот полигон Кириловск во Ленинград.
Вежбите се случуваа среде почитичката криза во Украина, кои беа толкувани од Западот како знак за можна масовна инвазија на Русија врз соседната земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.