Леонардо ди Каприо синоќа по четврти пат не успеа да добие „Оскар“ и уште еднаш остана со куси ракави, откако златната статуетка во категорија најдобра машка улога отиде во рацете на Метју Мекконахи.
Ваквата „трагедија“ на Лео можеше да значи само едно: дека интернет ќе го „зграпчи во системот“ од каде што тешко ќе може да се извлече.
Така, Ди Каприо е изложен на многу потсмевања и на серија монтажи, меѓу кои и од синоќешнето доделување „Оскар“. Меѓу нив е и моментот кога Лео одби од пицата што на холивудските ѕвезди им ја делеше водителката Елен Деџенерис. Секако, фановите на Леонардо се бесни, а другиот дел од светот добро се забавува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




