| четврток, 6 декември 2018 |

Украинците се уште ги имаат под контрола базите на Крим, Русија им постави ултиматум

Сите украински воени бази на Крим и натаму се под контрола на Вооружените сили на Украина, но се опколени од проруски трупи, потврди денеска претставникот на кримското Министерство за одбрана, Владислав Селезњов.

– Немаше пукотници, освен еден куршум за предупредување, истрелан од Украинците во близина на Севастопољ, истакна Селезњов.

Русија денеска им постави ултиматум на украинските сили стационирани на полуостровот Крим „да се предадат“ најдоцна до утре во пет часот по локално време (четири часот по средноевропско време), јавија руските медиуми повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана на Украина.

Според истите извори, командантот на руската Црноморска флота, Александар Витко им порачал на украинските сили дека „ако не се предадат до утре изутрина во пет часот, ќе започне вистински напад врз единиците на Вооружените сили на Крим“.

Сељезнов денеска нагласи дека на украинските воздухопловни сили „им е поставен ултиматум до 16 часот да преминат на страна на кримските власти“ и да се заколнат на верност, во спротивно против украинските војници ќе бидат преземени жестоки мерки.

Тој додаде дека украинските власти држат под контрола уште два објекта, магацин со оружје и команден пункт во Белбек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top