Во рамки на проектот „Наследство“ финансиран од ЕУ преку ИПА-Програмата за прекугранична соработка, денеска почна втората фаза од обновата на средновековната тврдина Цареви кули над Струмица.
Проект-менаџерот Ѓоко Ристовски истакна дека во оваа фаза ќе бидат преземени повеќе градежни работи за реконструкција на бедемите на оваа средновековна тврдина.
– Во наредните неколку месеци на северната страна на тврдината, над градот Струмица, ќе се конзервира и реконструира кула во висина од 11 метри со 12 градобрани, а ќе се обнови и бедемот во должина од 22 метри. Слични активности ќе се спроведат и на Јужната кула, како и на останатиот дел од бедемите на тврдината. Вкупната инвестиција на овие работи изнесува 12,3 милиони денари, финасирани од Европската унија, рече Ристовски.
Тој нагласи дека во пресрет на 1000-годишнината од Беласичката битка, ќе бидат уредени пешачките патеки во тврдината и осветлен објектот, со што тој ќе биде нова туристичка атракција за домашните но и за странските туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид
-
Утринава најстудено во Берово и Струмица, температурите под нулата
-
Коѕијас и Каменос ја преживеаја реконструкцијата на грчката Влада


