Салата е изградена според најсовремени стандарди за спортски објекти и се протега на површина од 650 квадратни метри. Во неа околу 460 ученици од ова училиште ќе може да играат кошарка, мал фудбал, ракомет и одбојка, а салата е опремена и со спортски реквизити за гимнастички вежби.
Во изградбата на салата се вложени 23,6 милиони денари, а изведувач на работите беше компанијата „Гранит“. Салата ќе може да ја користат и учениците од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“, кои, исто така, се наоѓаат во општина Босилово.
Училишната спортска сала во употреба ја пуштија премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
– Физичкото образование на учениците отсекогаш претставувало еден од најважните елементи на образовниот процес. Сепак, вниманието кое од страна на претходните влади се посветувало за учениците и нивниот правилен раст и развој се чини дека било на особено ниско ниво. Како резултат на ваквите состојби во голем број училишта низ Македонија никогаш не постоеле училишни спортски сали. Токму поради ваквите состојби оваа Влада го почна проектот за изградба на 145 училишни спортски сали на територијата на Република Македонија во рамките на кои е изградена и оваа спортска сала – нагласи премиерот Груевски.
Тој напомена дека ова не е ниту првиот ниту последниот проект кој Владата го реализира во оваа општина. Во тој контекст ги спомена реконструкцијата на ОУ „Гоце Делчев“ во Петралинци, како и на основните училишта во Робово, Секирник и во Турново, изградбата на фудбалското игралиште во Секирник и повеќенаменското игралиште во Петралинци, како и изградбата на повеќе патни правци во оваа општина. Најави дека во ОУ „Кирил и Методиј“ е планирана и замена на старите прозорци со нови и изградба на нов систем за греење.
– Направивме уште многу други проекти, но уверен сум дека има уште многу што да се направи. Во овој контекст би ја споменал инвестицијата за отворање на рудникот во непосредна близина со што ќе се вработат значителен број луѓе. Подготовките веќе се почнати, а Владата ги заврши сите потребни работи што инвеститорот ги бараше со цел да може во првиот квартал на 2017 година да започне со работа – истакна Груевски.
Министерот Ристоски нагласи дека Владата останува посветена на унапредување на училишниот спорт и оти со реформите што се спроведуваат, започнувајќи од годинава и во наредните две, повеќе од сто илјади ученици ќе бидат вклучени во училишните спортски игри и натпревари во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, атлетски крос, планинарски велосипедски тури и во многу други дисциплини.
– Наши партнери за популаризација на спортот, покрај училиштата, се и единиците на локалните самоуправи. И понатаму остануваме сплотени во намерата за правилно насочување на младите, за откривање таленти и создавање врвни спортисти и репрезенти на нашата земја – истакна министерот Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски