| четврток, 6 декември 2018 |

„Дог ит дог“ со концерт во Скопје

Американската група „Дог ит дог“ (Dоg eat dog) во рамки на својата пролетна турнеја за 2014 година ќе ја посети и Македонија. Групата која зад себе има 24 години постоење, конечно ќе настапи со свој самостоен концерт пред македонската публика, кој е закажан за 15 мај 2014 година, а ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје.

Првиот и досега единствен настап на „Дог ит дог“ кај нас се одржа во 1995 година во рамки на „Т фестивал“ во Скопје, а речиси 19 години подоцна, овој енергичен состав повторно доаѓа во Македонија, и тоа со својот прв самостоен концерт. Наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за концертот и за влезниците.

„Дог ит дог“ е американски бенд од Њу Џерси, основан во 1990 година кога беше дел од хардкор музичката сцена на Њујорк и на Њу Џерси. Со членови кои денес живеат во Њу Џерси, Вашингтон и Европа, бендот за себе вели дека е базиран на сите три локации. „Дог ит дог“ беше еден од првите групи што почнаа да комбинираат хардкор и рап, стил кој подоцна прерасна во стандарден музички израз. Групата постигна комерцијален успех со песните како „No Fronts”, „Expect The Unexpected” и „Who’s The King” – кои го покажуваат токму нивниот уникатен спој на хардкор, рап и саксофон. Од нивниот прв албум, па сѐ до денес, а особено во последната декада звукот на бендот еволуираше до вклучување на елементи од фанк, ска и хипхоп-музика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top