| четврток, 6 декември 2018 |

Непрепознатлива – целосна промена на филмската сопруга на Ди Каприо (ФОТО)

Младата австралиска актерка, која своето големо пробување на холивудската сцена го имаше со филмот „Волкот од Волстрит“, каде што ја играше заводливата сопруга на Џордан Белфорд (Леонардо ди Каприо), беше непрепознатлива на синоќешната церемонија за доделувањето на наградите „Оскар“.

Имено, 23-годишната Маргот Роби, една од најозборуваните русокоси актерки годинава, на црвениот тепих пред „Долби“ театарот во Лос Анџелес, се појави со темна боја на косата, во готски стил, па многумина не ја ни препознаа.

Margot-Robbie-Oscars-2014

Роби, промената ја оправда во име на новата филмска улога во „З е за Закарија“, а во Холивуд долета вчера од филмскиот сет во Нов Зеланд.

a4f331a6-57da-4324-81dc-cd688394727a_wolfofwallstreet_margot_gs

Од филмот „Волкот од Волстрит“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top