Црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани беше мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил седум икони, еден сребрен крст и 600 денари.
-Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 17 часот на ден 28-ми февруари до втори март оваа година. Во црквата „Св.Климент Охридски“ во селото Климештани влезено е откако претходно насилно и со подесен алат скршени се двата цилиндри од бравите на влезната врата и помошната просторија. Сторителот, потоа се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории. Седумте икони и сребрениот крст ги одзел од главната црковна одаја, а парите од просторијата за продажба на свеќи по што избегал – соопштуваат од СВР Охрид.
За извршената тешка кражба, СВР Охрид изврши увид на местото на настанот и достави информација до Заводот и музеј на град Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив



