Победниците на наградите „Оскар“ ја добиваат златната статуетка, славата и место во историјата, но сите „губитници“ дома заминуваат со многубројни подароци, годинава вредни повеќе од 85.000 долари.
Оваа година утешната кошница содржи повеќе од 50 подароци, чија поединечна цена се движи од 6,50 до 16.000 долари.
Портпаролот на маркетиншката агенција која ги составува овие подароци, за „Бизнис инсајдер“ вели дека од година во година сѐ поголем е бројот на компаниите што сакаат да ги донираат своите производи во пакетот за губитниците, гледајќи на тоа како одлична можност за промоција.
– Оваа година имавме толку многу продавачи кои ни пријдоа со предлог за торбата-подарок. Исто така, има неколку луксузни предмети кои навистина ја зголемија вредноста – велат од маркетиншката компанија.
Најскапите подароци годинава се тура низ Јапонија вредна 15.000 долари и купон за трансплантација на коса, вреден 16.000 долари.
Иако се внесени како поевтини подароци, на листата се наоѓаат и луксузни патувања во Лас Вегас, Хаваи, Мексико и обиколка на САД. Меѓу купоните се наоѓаат и скапи третмани за лице, а губитниците редовно добиваат скап часовник и уметничко дело.
Но, ова е само дел од целата кошничка, која е вредна повеќе од 85.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


