Муслиманските деца што се радикализирани од своите родители треба да се третираат како жртви на злоупотребување и да се издвојат од нивните семејства, изјави градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон.
– Децата што се изложени на опасност од екстремизмот треба да бидат сместени во државни институции за да се спречи да станат „потенцијални убијци или бомбаши самоубијци – пишува Џонсон во авторскиот текст за „Дејли телеграф“.
Тој наведе дека полицијата и социјалните служби често не интервенираат во такви случаи бидејќи на Британците им е всадено да не бидат склони кон осудување друг култури, како и поради недоволно јасните закони.
– Проблемот на радикализација значително се влошува. Се проценува дека можеби повеќе стотина деца, посебно оние чии родители припаѓаат на забранетата екстремистичка вехабистичка група Ал-Мухадеџирун, кои подучуваат на налудничави работи. На децата им всадуваат луди желби за убиство и смрт – пишува Џонсон.
Тој потенцира дека детето може да им биде одземено на родителите ако е изложено на порнографија или ако злоупотребувано, но не и ако е исложено на таков „крајно нихилистички поглед на свет, што би резултирало детето да стане убиец“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.