Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, потпиша решение за свикување на 87. седница на Собранието на Република Македонија. На оваа седница единствена точка на дневниот ред ќе биде предлог-одлука за распуштање на Собранието.
Од Собранието информираат дека Вељаноски за петти март ја закажал 87. седница на која пратениците ќе одлучат за распуштање на Собранието на Република Македонија.
Инцијативата за самораспуштање на парламентот ја поднесе пратеничката група на Демократската унија за интеграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.