| четврток, 6 декември 2018 |

Филмски студија во Америка ќе се запознаат со можностите за снимање во Македонија

ivo

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и министерот без ресор Веле Самак, денеска во Лос Анџелес пред група бизнисмени ќе ги презентираат можностите што Владата на Република Македонија ги нуди за странските директни инвеститори.
Како што соопшти Министертвото за информатичко општество и администрација, најголем дел од пријавените се од ИТ секторот и филмската индустрија. По завршувањето на презентацијата закажани се поединечни средби со високи претставници од компанијата „Волт Дизни“, како и посета на „Ворнер брадерс студио“.
Целта на средбите е директно да се промовираат ридобивките што македонската Влада ги нуди на заинтересираните што ќе решат да снимаат филмови на територијата на Република Македонија, со намера да се привлечат овие два гиганта од филмската индустрија да работат во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top