Во тек е опсежна здружена полициска акција низ Федерацијата БиХ. Повеќе од стотина лица во моментов се на информативен разговор.
Акцијата со кодно име „Сигурност“ почна точно во шест часот утрово. Уапсените лица се сомничат за организиран криминал во врска со трговија со дрога, уцени, лихварство и други кривични дела.
Претреси се вршат на 250 локации. Во акцијата учествуваат преку 2.000 полицајци, државното и кантонално обвинителство, како и сите полициски агенции во Федерацијата БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



