Украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој беше соборен од власт, сè уште е легитимен претседател на таа поранешна советска република иако неговиот авторитет е „незначителен“, оцени денеска рускиот претседател Дмитриј Медведев.
– Да, авторитетот на претседателот Јанукович е речиси незначителен, но тоа не го поништува фактот дека тој, според украинскиот Устав, е легитимен шеф на државата – напиша Медведев на својот профил на „Фејсбук“.
Медведев наведува дека Русија е подготвена да развива односи со почитување кон Украина, но не и со преодните власти што го заменија Јанукович.
– Украина за нас не е група луѓе што дојдоа до власт по пролеана крв кршејќи го Уставот и други закони од својата држава. Се работи за целата држава, за различни луѓе, Украинци, Руси, Татари, Евреи и други народи што живеат во слога – вели рускиот претседател.
Медведев нагласи дека ако Јанукович е виновен за злосторствата, ќе се спроведе процедура за негова смена според украинскиот Устав.
– Сè друго е самоволно преземање на власта. Тоа значи дека таков поредок ќе биде крајно нестабилен. Тоа ќе заврши со нов државен удар, со ново пролевање крв – предупредува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.