| четврток, 6 декември 2018 |

Неделата почнува со повремен дожд и пониска температура

oblaci dozd

Понеделник ни носи облачно време, повторно со врнежи, но далеку послаби од денот претходно. Врнежите ќе бидат позастапени во крајните јужни и источни краишта, но и во северозападниот дел од земјата. Останатите региони ќе имаат услови за повремен дожд. На повисоките планини се очекуваат повремени и слаби врнежи од снег.

Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност околу 7 Целзиусови стпени во поголем дел од населените места, и до 10 степени во југоисточните краишта. Максимална температура околу 0 степени се очекува во мавровскиот регион.

Во Скопје се очекува облачно време со услови за повремен дожд во текот на денот, а во вечерните часови се очекува мало намалување на облачноста. Минималната температура ќе има вредност околу 4, а максималната околу 9 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top