| четврток, 6 декември 2018 |

Матвиенко: Никогаш нема да има војна меѓу Русија и Украина

Матвиенко, покрај тоа, истакна дека Русија нема планови да го врати на власт во Украина отстранетиот претседател Виктор Јанукович, туку за тоа прашање треба да реши украинскиот народ.

– Украинскиот народ треба да реши кој ќе биде шеф на државата, но на чесни, транспарентни и легитимни избори – изјави претседателката на Советот на Федерацијата, тело кое му дозволи на рускиот претседател Владимир Путин во саботата да употреби војска за обезбедување на руските интереси и руските државјани во автономната украинска република Крим, која прогласи непослушност кон новите власти во Киев, што предизвика голема политичка криза на меѓународната политичка сцена.

Матвиенко, исто така, рече дека Русија не може да зборува за доделувањето на другите транши од заемот за Украина, сѐ додека во Киев нема легитимна власт.

– Сѐ додека во Украина нема власт, којашто ќе биде призната како легитимна, не можеме да зборуваме за милијардите од кредитот во рамките на договорите што се потпишани – рече Матвиенко.

Во декември тогашната украинска влада на Јанукович во Москва потпиша договор со кој од Русија доби заем од 15 милијарди долари од кои првата транша од милијарди долари беше уплатена веднаш, а цената на рускиот гас за украинските потрошувачи беше намалена за третина. Втората транша од две милијарди долари којашто требаше да биде уплатена во последната седмица од февруари Москва ја запре, бидејќи во Киев почнаа крвавите безредија. Покрај тоа, Украина нема платено за рускиот гас доставен и по намалена цена и тој долг веќе достигна неколку милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top