| четврток, 6 декември 2018 |

Човечка Барбика живее од светлина и од воздух

Украинската моделка Валериа Лукјановa, која е позната како Човечката Барби, открива дека повеќе не консумира храна или вода.

Валерија изгледот на популарната кукла го доби со пластични операци, но нејзината фигура ја дотера така што со недели се изгладуваше, односно практикуваше строги диети. На тој начин ја доби посакуваната половина.

Сега Украинката реши да оди чекор понатаму и веќе нема да консумира храна и вода, односно ќе живее од светлина и од воздух.

– Во последните неколку недели воопшто не бев глада, а се надевам дека ќе можам да опстанам само од воздух и од светлина – рече Украинката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top