| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес од трет степен вечерва го стресе Скопје

Вечерва во 20 часот телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше слаб земјотрес со епицентар на околу 60 километри североисточно од Скопје, на територијата на соседна Србија. Рихтеровата (локална) магнитуда на земјотресот е 3,6.

Според досегашните макросеизмички податоци, земјотресот е почувствуван на североисточниот дел од територијата на Република Македонија, и тоа во Куманово и во Скопје, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала –1998, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top