„Клубот Матица“ ја најави новата кампања која има цел да влијае на перцепцијата која граѓаните ја имаат за и кон читањето книги, како и желбата да се поттикне социјално-одговорната нишка кај компаниите во Република Македонија. Проектот има цел да ги поттикне луѓето да одвојат повеќе време за дружење со книгите, но и да ги предизвика да читаат насекаде – во автобус или на јавен простор, без стереотипи и предрасуди.
Кампањата е надополнета со учество на македонски компании, кои благодарение на својата социјално одговорна улога во општеството можат да дадат пример кој општеството би го следел.
– Директно насочени кон нашите лојални читатели и членови, како и кон оние кои поради брзиот начин на живот не можат да одвојат доволно време за да навлезат во тајните светови на некои од нашите познати наслови, се промотивните цени на најновите дела од странски автори кои можете да ги најдете само на Булеварот на книгите. Понудата ја следи клучната цел на кампањата – да им се овозможи на љубителите на убаво пишаниот збор да читаат уште повеќе, да читаат квалитетни наслови, а сето тоа да биде по достапни цени. Во овој проект се вклучија и нашите партнери од Британија, Германија и Србија, со што понудата е исклучително богата и атрактивна – велат од „Матица“.
Деталите за овој дел од проектот, како и компаниите што се вклучени во него, ќе бидат дополнително објавени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


