На Бистра денеска заврши традиционалниот мавровски меморијал кој се одржа по 51 пат во женска и машка конкуренција на 5 километри. Денеска во Маврово имаше врнежи од снег кои ја отежнаа задачата на натпреварувачите од кои Бугарите се покажаа како најдобри и притоа освоија 3 златни медали.
Нашите натпреварувачи не освоија ниту еден медал. Меѓу нив со својот настап се издвои олимпиецот Дарко Дамјановски кој денеска имаше подобар резултат отколку вчера и го освои петтото место во вкупниот пласман. Хрватските натпреварувачи освоиле 5 медали, српските еден, додека натпреварувачите на Македонија, Босна и Херцеговина и Грција останаа без медали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




