Двајца вработени во една седвичара во Скопје додека со подготвувале да го затворат локалот биле нападнати од машко лице, кој се обидел да ги повреди со нож, но не успеал во намерата. Инцидентот бил регистриран во петокот вечерта на бул.„Видое Смилевски Бато“ пред сендвичара „Ројал Бургер“, додека Г.Р. (20) и Б.С. (20) двајцата од Скопје биле на работно место и го внесувале инвентарот внатре во локалот, дошол М.П.(29) и почнал да им се заканува, при што влегол во сендвичарата и земал кујнски нож и тргнал кон нив, замавнувајќи со ножот, по што истите го напуштиле лице местото и го пријавиле случајот во полиција.
По целосно расчистување на случајот против М.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


