| четврток, 6 декември 2018 |

Најлошо полувреме на ЖРК Вардар оваа сезона

На полувремето на натпреварот Митлјиланд – Вардар во рамките од Лигата на шампионите во женска конкуренција домаќинот води со шест гола разлика 15-09. Ова е најлошото полувреме одиграно од девојќите на Индира Кастратовиќ оваа сеозна. Вардарки одлично го започнаа мечот и по само 7-8 минути игра имаа предност од два гола. Сепак Митјиланд ги координираше своите редови и ја започна својата игра со сигурна одбрана и брзи контра напади и без премногу комбинаторики.
Домаќинките треба да бидат благодарни на високата разлика на својот голман германката Сабине Енглерт која успеа да фати 11 топки во првиот дел. „Црвено-црните“ несфталиво е како од чисти „зицер“ позиции не успеваа да ја совладаат одличната Германка која и на натпреварот во Скопје покажа дека се работи за фантастичен чувар на мрежата.
Најефикасна во составот на Вардар е Маја Зебиќ со три погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top