| четврток, 6 декември 2018 |

И командантот на поморските сили на Украина мина на страната на Крим

Командантот на военопоморските сили на Украина, контраадмиралот Денис Березовски во неделата изјави дека се заколнал на верност на народот на Крим

-Јас Березовски Денис Валентинович, се колнам на верноста на кримскиот народ и се обврзувам да го заштитувам, како што бара уставот, изјавил Березовски на прес-конференција во Севастопол, пренесе РИА Новости.

Интересно е што контраадмиралот Березовски беше поставен на команданта функција беше поставен со указ на вршителот на должноста украински претседател Олкеснадр Турчинов.  Претходно во неделата имаше спротиставени информации од руска и украинска страна за наводни масовни преминувања на украински војници од базите на Крим на страната на одредите за самоодбрана, што новите власти во Киев одлучно го демантираа наведувајќи дека станува збор за шпекулации на странски медиуми, како и дека командантите на воените единици дислоцирани на Крим изразиле лојалност на вооружените сили на Украина.

Малку пред прес-конференцијата на контраадмиралот Березовски, Сергеј Аксенов, премиерот регионалната влада на Крим, јужна украинска област во која доминира русофонското население и е седиштето на руската Црноморска флота, изјави дека украинските војници „масовно ја изразуваат својата поддршка за законски избраната власта на Автономната Република Крим”.

-Благодарен сум им за патриотизмот. Воените лица се посебен вид. Тие особено јасно ја знаат опасноста од воени дејствија и јас сум сигурен дека заедно со нас ќе сторат сѐ што е возможно за да не дозволат крвопролевања, отрезнувајќи ги политичарите коишто сега се најдоа во Киев, изјавил Асенков,

-Сакам да ги предупредам командантите кои ги ставаат своите војници во нелегални дејствија, дека во однос на нив ќе бидат преземени активности определени со законите. Секој што нема да ги почитува, ќе биде одговорен во целост според законот за кривични постапки”, се додава во писмената изјава на премиерот на Крим, кој беше избран од регионалниот парламент минатата седмица, но не го признаваат новите власти во Киев.

Во Украина на 22-ри февруари, еден ден по потпишаниот договор за надминување на тримесечната украинска криза меѓу претседателот Виктор Јанукович и тројцата челници на опозицијата со сведочење на шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Полска, парламентот го отстрани од должноста Јанукович, и покрај договорот за формирање влада на национално единство и распишување предвремени парламентарни и претседателски избори.

Откако подоцна украинскиот парламент го укина законот за употреба на јазиците на малцинствата, а рускиот на ниво на земјата е мајчин за 29,7 отсто, Автономната република Крим и градскиот совет на Севастопол одбија да го признаат легитимитетот на новите украински власти. По обидот да се постави влада којашто ќе биде блиска до новото раководство во Киев и протестот на кримските Татари кои ги повикаа украинските власти да воспостават своја регионална власт.

Потоа беше именуван за кримски премиер Сергеј Аксенов, кој ја повика Москва да помогне да се заштити руското население на Крим, по што Москва донесе одлука за можна употреба на војската за заштита на руските интереси и руското население на полуостровот, што ја предизвика најголемата меѓународна криза во последните децении слична на онаа од периодот на Студената војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top