Политичкиот секретар на бугарската националистичка организацијата ” Православна Зора” Павел Чернев на Фејсбук најави дека се подготвува испраќањето на бугарска борбена група во Крим , каде со оружје во рака ќе се заштитат од насилна украинизација руското и бугарското малцинства.
-Настаните од последните неколку дена во Украина , не се само геополитички земјотрес во постсоветското политички простор , туку нешто многу посериозно . Тие се израз на една обновена , вековна битка која се води од стотици години . Битката е меѓу Православниот Исток и западот . Ова е вистинска војна , за вредности , ресурси , влијание и територија , во која западот сака нашето , а ние сме должни да го браниме своето, велат.
Во овој поглед, бугарскиот огранок на организацијата ” Православна Зора” веќе помогна на неколку десетици православни борци , да полетаат за Москва и Крим , каде со оружје во рака ќе ги заштитат правата и ќе одговорат на заканите од насилна украинизација руското и бугарското малцинства. Се подготвува се испраќање и на бугарска група ” , гласи цело изјава на Чернев .
Претходно тој објавил фотографија на која врз пушка се наредени Евангелие , икона на Свети Архангел Михаил , нож , батериска ламба , автомат пиштол со текст ” За Болгарскиот Род и Православие ! ” .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


