Возило полно со експлозив на талибанците во јужен Авганистан експлодирало пред време при што загинале 13 луѓе, меѓу кои и жени и деца, соопштува полицијата. Полицијата од провинцијата Логар информира дека експлозијата се случила во бомбашка работилница во главниот град на провинцијата, Пули Алам. Деветмина талибанци, меѓу кои и Пакистанци, како и две жени и две деца, загинале во експлозијата. Тие го полнеле возилото со експлозив и сакале да го активираат во раздвижен дел од градот, но тоа експлодирало во нивната куќа, соопштува полицијата. Талибанците сè уште не излегле со коментар за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.