| четврток, 6 декември 2018 |

Втора победа на Јансруд во три дена, кристалниот глобус за Свиндал

Alpine Skiing World Cup in Kvitfjell

Освојувачот на олимпискиот златен медал од Сочи во дисциплината супервелеслалом Норвежанецот Кјетил Јансруд покажа дека е во одлична форма оваа сезона продолжувајќи со одличните трки во брзинските трки во алпското скијање. Тој денеска на патеката во Квитфјел победи со време од 1.31.39 минути и со 29 стотинки беше побрз од шварцаскиот скијач Патрик Куенг. На третото место се пласираше Австриецот Матијас Маер со заостанување од 33 стотинки. Аксел Лунд Свиндал беше четврти и со освоените бодови го осви малиот кристален глобус во оваа дисциплина.
Јансруд беше победник и пред три дена во спуст.
Во генералниот пласман води Свиндал со 1032 бода пред Марсел Хиршер од Австрија со 955 и Французинот, Алексис Пинтуро, кој до овој момент има 774 бода.
Следниот викенд скијачите се селат во Крањска Гора каде ќе возат слалом и велеслалом.

Alpine Skiing World Cup in Kvitfjell

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top