Македонскиот претставник во популарното музичко шоу Х-Фактор, Даниел Кајмакоски преку својата фан страница на Фејсбук побара прошка од сите на кои им згрешил. Тој денешниот голем празник Прочка го искористи да им се извини на сите, кои со нешто ги разочарал.
Прошка побара прво од неговите родители, но и од пријателите…
“Прво ќе побарам прочка од Мама и Тато. Простете ми за сите потешкотии што сум ви ги создал и ви благодарам што бескрајно верувате во мене. Простете ми драги пријатели ако сум ве разочарал, ако не сум ви одговорил на некоја ваша порака, ако сте очекувале повеќе од мене. Се што сум направил било сосема ненамерно. Простете ми. И не заборавајте, моето срце е доволно големо за сите вас“, напиша Кајмакоски на Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.