| четврток, 6 декември 2018 |

Јатсенјук до Путин: На раб сте да предизвикате војна меѓу две пријателски земји

jatsenjuk

Новиот украински премиер Арсениј Јатсенјук на денешната прес конференција опишувајќи ја ситуацијата во Крим каде што руски трупи ја имаат контролата над полуостровот, рече дека Русија практично и објавија војна на Украина и во моментот врши инвазија во земјата.

– Ова е всушност декларација на војна врз мојата земја. Ние го повикуваме Путин да ги повлече трупите од оваа земја и да се придржува на билатералните договори. Ако сака да биде претседателот кој почнал војна меѓу две соседни и пријателски земји многу блиску е да ја постигне целта. Ние сме на раб на катастрофа. Нема причина Руската Федерација да врши инвазија врз Украина и ние веруваме дека нашите западни партнери и целата светска заедница ќе го поддржи територијалниот интегритет и унитарноста на Украина, и ќе направат се што можат за да спречат воен конфликт, рече Јатсенјук.

Украинскиот премиер исто така нагласи дека руските сили прават провокации врз украинските сили на секои половина час.

– Нашите војници не подлегнуваат на провокации и ги штитат украинските бази и касарни. Украинскиот парламент побара од Русија да се држи до договорот и да ја врати Црноморската флота во регуларната позиција. Потсетувам, дека секое разместување на Црноморската флота мора да биде одобрено од Украина, а Украина не го одобрила ова, рекол премиерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top