| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица живее во ритамот на карневалот

струмица

Во Струмица денеска, точно напладне, ќе почне традиционалниот детски карневал.

Синоќа, во рамки на Интернационалната карневалска поворка, неколку десетици илјади посетители уживаа во карневалскиот спектакл од маски што го приредија околу 3.000 маскирани лица. Со својот говор, Царот на карневалот го отвори празнувањето, по што следуваше големиот огномет. Белег на годинашното издание на Струмичкиот карневал му дадоа и гостинските групи од Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Бугарија и Турција.

Утре програмата продолжува според традициите, со варење бел грав и организиран ручек на отворено, од 13 часот. Ќе се одржи и изложбата на карикатури посветени на карневалот, како и доделувањето на наградите во Центарот за култура. Вторник вечер е резервиран за традиционалното „карневалско корзо“ со посета на домовите на армасаните девојки. Во среда завршуваат карневалските денови со одбележување на тримерските обичаи и настапот на „Распеани струмичани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top