Лекарите кои 24 часа будно ја следат состојбата на Михаил Шумахер, велат дека тоа што легендата се уште се нема разбудено од вештачката кома и што нема рефлекси не е воопшто добар знак.
Тип Азиз, еден од лекарите, вели дека тоа што Шумахер се уште се нема разбудено од кома значи дека има сериозни повреди и неговото опоравување би било многу тешко.
Последните денови нема официјални информации за состојбата од болницата. Потпаролот на Шумахер неодамна потврди дека во тек е процесот на будење од кома.
За потсетување, Шумахер доживеа несреќа за време на скијањето на француските Алпи пред два месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.