Во февруари производството на нафта во Ирак достигна 3,5 милиони барели на ден, а извозот скокнал до 2,8 милиони барели дневно.
Последен пат ова ниво било достигнато од ирачка страна пред точно 20 години, откако Садам Хусеин го окупира Кувајт во 1990 година. Оваа инвазија предизвика ембарго и меѓународни санкции.
Според Хусеин аш Шахристани, производството на нафта во Ирак би било уште поголемо, доколку се надминеа разликите меѓу Багдад и автономниот регион Ирачки Курдистан во однос на производството и извозот на нафтата. Регионалната Влада смета дека нафтата и природниот гас, кои ги произведува во регионот, се нејзина сопственост и тргува со нив на меѓународните пазари, без да минува преку федералните власти во Багдад.
Ирачки претставници се надеваат дека до 2017 година земјата ќе произведува девет милиони барели нафта дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



