
Црквата во долнореканското село Јанче била ограбена од непознати сторители. Крадците насилно влегле во храмот при што украле четири икони и околу две илајди денари.
Кражбата била пријавена од 70 годишниот жител на селото М.Т. кој утрово влегол во црквата.
Провалниците во објектот влегле преку прозорец од задната страна, откако целосно го демонтирале. По изваршениот увид било констатирано дека недостасуваат три поголеми и една помала икона за кои се верува дека се стари повеќе од еден век.
Насилници се обиделе да ја ограбат и црквата Св. Архангел Михаил во селото Битуше. Сепак, откако бил активиран алрамниот систем, нејверојатно се исплашиле и избегале.
СВР Тетово информира дека полициски екипи се испратени натерен за да ги проверат верските објекти во селата по долината на Радика поради сомнеж дека изминативе денови биле мета на крадци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив


