| четврток, 6 декември 2018 |

Руска војска тргна кон главниот град на Крим, Украина се мобилизира

ruska vojska ukraina

Конвој од повеќе стотини припадници на руската армија тргнала кон главниот град на Крим, Симферопољ, јавува агенцијата Асошиејтед прес.

Трупите утрово тргнале од поморската база во Севастопољ, а конвојот се состои од 12 воени камиони, две амбулантни и лесни оклопни возила вооружени со митралези.

Претходно руската агенција Интерфакс јави дека руски војници зеле оружје од радарската база и од украинскиот морнарички центар за обука на Крим и го повикале персоналот да „застанат зад легитимните лидери на Крим“.

Според украинскиот весник Киев пост, во текот на ноќта дошло до прекин на комуникациите меѓу Крим и остатокот од Украина. Како што пишува весникот, прекинати се телефонските и интернет врските.

Министерството за надворешни работи на Русија пак го обвини Киев дека се обидел да го киднапира министерот за полиција на Крим. Во нападот учествувале вооружени сили, а според официјалниот извештај на Русија има и повредени.

Како што јавува Гласот на Русија, украинското министерство за одбрана ги повикало резервните сили да се пријават во касарните. Одлуката за општа мобилизација била донесена откако украинскиот совет вчера објави декавојската мора да биде подготвена за борба и поради засилената безбедност околу аеродромите, нуклеарните електрани и другите стратешки објекти. Сепак, новите украински власти истакнуваат дека се противат на секакво насилно решение на кризата.

Белата куќа, според АП, не размислува за сериозно американско воено присуство во Украина. Обама вчера во внимателно сроченото соопштение избегна да каже дека дестабилизацијата на Украина станала закана по националната безбедност на САД. Наместо тоа, само рече дека таква Украина „не е во интерес ниту на Украина, ниту на Русија, ниту на Европа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top