| четврток, 6 декември 2018 |

САД и ЕУ немоќни да одговорат на руската интервнција во Украина!?

obama putin

И покрај отвореното предупредување на Москва да очекува последици, претседателот на САД Барак Обама и лидерите на ЕУ имаат всушност малку можност да вратат на руската воена интервенција во Укриана- поранешната советска република, а сега сцена на која се навестува нов конфликт меѓу Истокот и Западот, пишува агенцијата Асошиејтед прес во својата анализа.

Рускиот претседател Путин до сега занемари неколку изричити закани од САД, меѓу кои и отстапувањето на Обама од учеството на меѓународниот самит во Русија ова лето, како и повлекување на преговорите за трговија кои ги бараше Москва.

АП укажува дека Украина не е постојана членка на НАТО, и затоа САД и ЕУ немаат обврска да и пристапат на помош. Исто така поширока меѓународна акција преку ОН е невозможна затоа што Русија како постојана членка на Советот за безбедност има право на вето.

– Од САД и другите земји на НАТО се слушнаа тешки зборови. Но, тоа се празни закани. Навистина тука не може многу да се направи во смисла да се влијае на ситуацијата, вели Киер Гајлс, експерт за руски воени прашања од лондонската тинк-тенк организација  Чатам хаус.

Како да сакал да ја подвлече оваа поента, Путин, вчера побара и доби одобрение од Горниот дом на рускиот парламент да ја употреби руската војска не само во проруската автономна област Крим, туку и пошироко во Украина, пишува АП.Сето ова се случува само ден откако Обама предупреди дека секое кршење на суверенитетот на Украина би било длабоко дестабилизирачки.

Според оценките на агенцијата, потезите на Путин сигурно ќе ги продлабочат тензиите во неговиот и така затегнат однос со Обама кој пак настојува да го убеди рускиот претседател да го промени ставот во поглед на бројни прашања.

На Америка ќе и биде тешко да го казни Путин и Русија поради Украина, но и поради другите работи, затоа што Белата куќа има потреба од соработка со Кремљ за да се застави граѓанската војна во Сирија, да се издејствува договор со Иран за нуклеарната програма на земјата и за САД да можат да ги извлечат своите војници од Авганистан преку руска територија.

Се соочуваме со тежок избор- да ја казниме Русија и со тоа практично да се казниме себе си, изјавил Ендру Качинс, директор на руската програма при вашингтонскиот центар за стратешки и меѓународни студии.

Европските челници изразија загриженост поради руското воено присуство во Украина. Сепак, ЕУ, според АП, се занимава со сопствени проблеми, внатрешни, и нема воља целосно да ја прифати Украина или да ризикува економски последици од конфронтацијата со Русија, која е еден од најголемите надворешно трговски партнери на ЕУ.

– Светот е на раб на конфликт чиј исход не може да се предвиди, рекол полскиот премиер Доналд Туск, чија земја се граничи со Украина. Тој ја повика Европа да испрати „многу јасен сигнал“ дека нема да толерира агресивни акти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top