Полицијата вчера во тетовското село Фалише, нашла автомобил во кој имало 10 килограми марихуана, наменета за западноевропскиот пазар.
Во соопштението на МВР с евели дека по претходно добиено сознание за можен транспорт на марихуана, вчера околу 14 часот, во двор од напуштена куќа во село Фалише од страна на полицајци на одделот за недозволена трговија со дрога било забележан автомобил “БМВ 523“ со тетовски регистерски таблички сопственост на А.Б. (25) и поради основи на сомнение дека во истото има сокриено наркотична дрога известен е истражен судија од Основен суд Тетово.
Истражниот судија издал наредба за вршење претрес и преглед на возилото, при што истото е однесено во кругот на автопатска сообраќајна полиција во Тетово, од кадешто е префрлено во автомеханичарска работилница во кругот на МВР каде што во присуство на сведоци е извршен детален претрес на возилото.
По извршениот детален претрес и преглед во автомобилот во внатрешноста на праговите и подкрилата од возилото пронајдени се 8 полиетиленски пакувања исполнети со растителна материја – марихуана. Пронајдената растителна материја е предадена за вештачење во Одделот за криминалистичка техника, при што е констатирано дека се работи за висококвалитетна наркотична дрога марихуана, која на западно европскиот наркопазар при продажба би достигнала цена од 50.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


