| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна средба на Советот за безбедност на ОН

obedineti-nacii-600x360

Советот за безбедност на ОН ќе одржи вонредна средба за ситуацијата во Украина во текот на денот, изјави дипломатски извор, цитиран од ИТАР-ТАСС.

“Средбата ќе биде затворена” . Тоа е одговор на руската позиција  за кoја  претходно Советот на Федерацијата во Русија едногласно даде согласност за користење на руските вооружени сили на територијата на Украина за нормализирање на ситуацијата таму.

Претседателот на Русија Владимир Путин, поднесе во Советот на Федерацијата – горниот дом на Федералното Собрание – барање за користење на вооружените сили на Руската Федерација на територијата на Украина до нормализација на општествено-политичката ситуација во земјата, пренесе ИТАР-ТАСС.

“Во врска со вонредната ситуација во Украина, заканата за животот на граѓаните на Руската Федерација, наши сонародници, личниот состав на контингентот на вооружените сили на Русија, распоредени во согласност со меѓународен договор на територијата на Украина (во автономната република Крим), на основа на уставот на Руската Федерација поднесувам  во Советот на федерацијата барање за употреба на вооружените сили на Руската Федерација на територијата на Украина до нормализација на општествено-политичката ситуација во оваа земја “, изјави Путин во обраќањето, цитирано од БГНЕС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top