Ѓорче Петров ќе добие современ деловен и шопинг центар изработен по теркот на светски центри. Емпорио бизнис центар е резултат на јавно-приватно партнерство помеѓу општината Ѓорче Петров и градежната компанија Трансмет ДОО Скопје, која е една од водечките градежни компании во Македонија.
Како што јавува Нетпрес, почетокот на градбата на објекот е наскоро, а треба да биде завршен за две години. Ќе се простира на површина околу 30 илјади метри квадратни, а ќе биде лоциран на дел од реонскиот парк на општината и ќе се протега до главната улица Ѓорче Петров. Во рамките на зградата, која ќе биде на пет катови, ќе биде изграден и подземен паркинг на две нивоа со вкупно 350 паркинг места. Се планира објектот да опфаќа 60 отсто шопинг простор и 40 отсто деловен простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.