Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, ќе биде отворен нов објект на Центарот за обука на пилоти. На свеченото отварање ќе присуствува министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери.На отворањето ќе бидат присутни и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев, државниот секретар Сашо Стефаноски и останати високи претставници на министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.