Во англиската премиер лига Арсенал со денешниот пораз од Стоук на гостински терен од 1-0 направи чекор назад од првото место на табелата бидејќи големиот градски ривал Челси победи со 3-1 над Фулам во лондонското дерби.
Со овој пораз Арсенал сега заостанува зад лидерот четири бода. Единствениот гол беше постигнат од пенал откако Кошчиелни играше со рака во својот шеснаесетик. Сигурен стрелец беше Волтерс. Арсен Венгер го остави својот најдобар играч Озил на клупата за резерви, но „топчиите“ одиграа под своите можности во првиот дел и мораше да го внесува во игра, но и тоа не беше доволно за да се освојат трите бода.
Челси во градското дерби убедливо го победи Фулам со 3-1. Херој на сините беше Шурле кој постигна хет-трик и ја одигра најдобрата партија откако дојде од тимот на Баер Леверкузен. Тој ги постигна сите три гола за само 15 минути игра. Единстветниот гол за Фулам го постигна Хајинга.
Ливерпул успеа да освои три бода кај Саутемптон со головите Суарез, Стерлинг и Жерард. Во досегашниот дел од шампионатот Саутемптон во кој играат многу англиски репрезтативци се покажа како тврд орев за големите тимови, но овојпат беа лесен залак за Суарез и другарите. Тој успеа да пистгне гол, да асистира при вториот и да биде направен пенал врз него овозможувајќи му на Жерард да се запише во листата на стрелците во 95 минута.
Резултати:
Фулам – Челси 1-3, Евертон – Вест хем 1-0, Стоук – Арсенал 1-0, Хал – Њукасл 1-4, Саутемптон – Ливерпул 0-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


