„BroApp“ е мобилна апликација која им праќа на девојките претходно напишани пораки од стилот „Како си драга? Како ти помина денот и слично.
Негови творци се двајца млади Австралијци, познати како Том и Џејмс. Според нив, апликацијата не е дизајнирана за мрзливи момци, туку за оние кои сакаат партнерките да им се чувствуваат обожавани. Тие пред да ја пуштат апликацијата достапна за сите, го испитувале овој изум на своите други половини во текот на 3 месеци.
– Формиравме демо верзија на „BroApp“, а тогаш дури немавме ни име за програмата, само за наша употреба. Испраќавме по една порака на ден без повод. Реакцијата на нашите партнерки беше позитивна – велат креаторите.
Апликацијата има безбедносни карактеристики со кои тоа не може да биде откриена. Претходна порака нема да биде испратена, ако телефонот на момчето е поврзан со безжичен интернет во домот на неговата девојка. Нема да има и порака ако двајцата зборувале по телефон или си пишувале пораки скоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


