| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава против четворица малолетници поради насилство врз момче

СВР Скопје до надлежното Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.М. (15), А.Б. (16), Ф.И. (16) и Б.М. (16) сите од село Никиштани, Скопје, поради постоење основано сомневање дека на 19 овој месец во автобус на ЈСП бр. 64 извршиле кривично дело – „насилство“, при што без повод и причина физички нападнале и грубо малтретирале нивни врсник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Кривичноправниот настан, како што се наведува, се случил околу 14,20 часот, во автобус на ЈСП бр. 64, кој се движел на релација Транспортен центар – с. Никиштани и обратно. Во наведеното време на автобуска постојка во с. Волково, меѓу другите патници, се качило и едно момче на 17-годишна возраст и седнало во долниот дел од автобусот, додека
пријавените биле на горниот спрат од автобусот.

После поминати две автобуски постојки, пријавените се симнале во долниот дел од автобусот и без никаков повод и причина физички го нападнале и грубо го малтретирале 17-годишното момче со што предизвикале чувство на  страв и несигурност кај другите патници.

По пријавувањето на настанот, полициски службеници од одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство превзедоа опертивни мерки и активности, при што пријавените се пронајдени и повикани со родители за да дадат исказ. Во исказите сите, освен А.Б. негирале дека го сториле делото, по што е извршено препознавање од оштетениот и очевидците, кои со сигурност ги посочиле четворицата пријавени малолетници, како сторители на кривичното дело „насилство“, стои во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top