| четврток, 6 декември 2018 |

Дурент со 37 поени им донесе победа на Оклахома

По три едноподруго порази тимот на Оклахома успеа да победи на домашен терен против екипата на Мемфис со 113-107. Кевин Дурент беше фантастичен со 37 поени прекинувајќи ја негативната низа. Со оваа победа Оклахома остана на првото место во западната конференција. Расел Вестбрук постигна 21 поен. Кај празените дури шест играчи постигнаа двоцифрен број поени, а предводник на таа листа беше Милер со 19 коша.
Во Феникс Горан Драгич постигна личен рекорд од 40 поени во кариерата им донесе на своите соиграчи победа над Њу Орлеанс од 116-104. Кај Њу Орлеанс Ентони Дејвис имаше одличен настап со 32 постигнати поени, но и тоа не помогна неговиот тим да се спаси од поразот.

Резултати:
ЛА Лејкерс – Сакраменто 126-122, Феникс – Њу Орлеанс 116-104, Далас – Чикаго 91-100, Сан Антонио – Шарлот 92-82, Оклахома – Мемфис 113-107. Њујорк – Голден стејт 103-126, Кливленд – Јута 99-79.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top