Новиот премиер на Автономната република Крим (АРК) Сергеј Аксенов денеска ја презема контролата над сите воени, полициски и други сили за безбедност во регионот и побара помош од рускиот претседател Владимир Путин да го гарантира мирот во републиката.
Во соопштението Аксенов истакнува дека вооружените сили, полицијата, националната безбеднсота и граничната полиција ќе одговараат само на неговите команди. Премиерот нагласи дека секој командант што не се согласува со тоа, треба да ја напушти функцијата.
Аксенов, исто така, побара помош од Владимир Путин.
– Согласно мојата одговорност за животот и безбедноста на граѓаните се обраќам кон рускиот претседател Владимир Путин за помош во гарантирањето на мирот и безбедноста на територијата на Автономната република Крим – се наведува во соопштенитео на кримскиот премиер.
Вооружени лица, за кои се верува дека се руски војници, вчера го заземаа главниот аеродром во Крим, каде е сместена руската црноморска флота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.