Секојдневно, цели две години, Зоран Васиќ пишел песна посветена на Цеца Ражњатовиќ и на крај напишал 5.400 стихови, пишува „Блиц“.
О на што милиони луѓе го чувствуваат за неа, а не умеат да го кажат, јас го напишав во ova 101 послание. Пред да го објавам ова дело, би сакал Цеца да го прочита и да ми даде свои сугестии и забелешки – вели Васиќ.
48-годишниот Васиќ до сега има објавено две книги со поезија, а за Цеца пишувал иако никогаш не се сретнале.
– Петрарка ја видел Лаура само еднаш, па цел живот пишува песни, зошто и јас не би пишувал за Цеца две години – вели тој
Според весникот, Цеца навистина се израдувала кога дознала дека добила подарок во вид на 5.400 стихови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.