| четврток, 6 декември 2018 |

Времето утре – облачно, но топло

soncevo

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со повеќе сончеви периоди. Кон крајот на денот и во ноќните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 11 до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло, со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top